Американските научници ја почнаа првата фаза од тестирањето на вакцината за коорнавирусот врз луѓето, во надеж дека во рекорден рок можат да ја развијат потенцијалната вакцина против Ковид-19. Џенифер Халер (42) од американскиот град Сиетл е првиот човек на кој е искористена вакцината за коронавирусот.
Тестирањето што се одвива во Институтот за здравствени истражувања е финансиран од Националниот институт за здравство
“Сите се чувствуват толку беспомошно во моментов. Јас сфатив дека има нешто што можам да го направам за да помогнам и затоа сум среќна дека сум тука” – изјави Џенифер Халер, првата волонтерка за експерименталната вакцина.
Инаку 45 волонтери во период од еден месец ќе примат по две дози од вакцината.
фото: You tube