(Вознемирувачки снимки) Сестра на починатото момче од Ресен обвинува за негрижа: Болницата вo Битола е убиец на млади деца

Сестрата на 24-годишниот маж од Ресен кој почина поради компликации од Ковид-1,9 објави снимки и детали од како што пишува, битолската болница. Ова доаѓа откако Министеството за здравство момчето коешто почина на 27 август потпишало дека на своја одговорност ја напушта болницата.

– Изјавија дека брат ми си замина од болницата самоволно затоа што брат ми не беше во болница туку подобро е во затворот Идризово од оваа болница, пишува лицето кое се претставува како сестра на починатиот која споредли и три снимки.

„Кај лежат пациентите, да му кажам, заклучени со клуч, не го пуштив детето јас во затвор, за два дена да ти умре од бронхит пред мои очи го загушија“ вели маж во една од снимките.

– Еве каква интензивна соба имаше брат ми. Затоа ја напушти самоволно, потпиша дека знаеше ќе го земат на душа и му дадоа контра терапија, плазма крв и не му направија контрола никаква, додава таа.

– Се е лага, не го ни видоа дека починал, ниту се јавија на фамилијата дека е починат, ниту го реанимирале, се лажат од болницата во Битола, не беше од корона брат ми. Болницата вo Битола е убиец на млади деца. Ве молам да го споделите видеото и да се чуваат младите дека ги затвораат со клуч и не ги гледаат, вели сестрата на починатото момче.

„Скопје1“ се обрати за став и до Министерството за здравство, од каде, до сега, не се огласија за овој случај.

Момчето од Ресен, кое утрово, на 24-годишна возраст, починало како последица на Ковид-19 првично на свое барање ја напуштило битолската болница, а утредента, откако му се влошила состојбата повторно било донесено во болница, но залудни биле напорите на лекарите да го спасат неговиот живот, соопштија од Министерството за здравство.

Според информациите што се споделуваат, на момчето вчера му било роденден, а месецов правело свадба во хотел.

Тој на 24 август бил примен во Инфективното одделение на битолската болница со ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки и бил ставен на кислородна поддршка.