(ФОТО) Сведоштво: Жена на 70-години не била примена на лекување за корона, ќерката моли за помош

Се почесто совети за лекување на коронавирус, но и поплаки се објавуваат во фејсбук групата „Ковид-19 искуства и совети“ која брои над 55.000 членови. Во неа се разменуваат и искуства меѓу членовите, кои се соочиле или се соочуваат со вирусот. Меѓу останатите, помош бараше и скопјанка чија мајка е болна од корона. Иако е во лоша состојба, со коморбидитети и на 70-години, според сведоштвото, таа била одбиена да биде примена на лекување на Инфективното одделение.

„Ве молам за помош, некој доктор да ми помогне што да се направи, како да се постапи за пневмонија кај жена од 70 години. Не ја примаат на Инфективно само поради добра сатурацијам јас веќе не знам што да направам трипати ја спасувам женава дома, трипати ја носам на Инфективно и не ја примаат. И дадоа Панцев 10 дена, го испи, а кај неа се вложува ситуацијава. И сега по откривање на пневмонијава, и даваат терапија уште четири денови Панцеф. Мене тоа не ми е лек за пневмонија, башка е шеќераш и има висок притисок. Што да правам кај да идам, по толку напори што дадов е да ја одржиме во живот сега ли. на крај да ја изгубиме, потребна ми е!“, пишува во објавата во групата.

За ова, став засега нема од Министерството за здравство. Во коментари, членовите ја советуваа нејзината мајка да ја однесе на лекување во приватна болница или пак, да проба да добие хоспитализација во Градската општа болница „8 септември“. Епилогот засега е непознат.