Премиерот на Австралија Скот Морисон прогласи „вонредна состојба за човечка биосигурност“ и ги повика Австралијците да не патуваат надвор од земјата за да го спречат ширењето на епидемијата на коронавирус.
Официјалното прогласување на вонредна состојба и дава на владата овластување да ги стави во карантин градовите или регионите, да наметне полициски час или да побара од луѓето да се самоизолираат доколку веруваат дека овие мерки се неопходни за да се запре ширењето на вирусот.
Тревога од „четврт степен: забрана на патување“ е официјално прогласена во сите земји, што никогаш не се случило во историјата на Австралија. Исто така, владата воведе забрана за собирање на повеќе од стотина луѓе во затворено.
Во Австралија со корона вирусот заразени се околу 500 луѓе, а шест лица починаа.
фото: Архива