(ВИДЕО) Филипче: Нови 44 заболени од корона вирусот, починале две лица од Куманово и Дебар

Министерот за здрaвство Венко Филипче на прес конференција ги презентираше најновите информации поврзани со Пандемијата на коронавирус .

Во земјава потврдени се вкупно 44 новозаболени во последното деноноќие . Вкупната бројка во моментов на заболени изнесува 329 заболени. Од нив, најмногу има во Скопје. Вкупно 3518 тестови биле направени досега , соопшти министерот Филипче.

Министерот соопшти дека двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар, починаа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 .

–Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања, се наведува во инфорамцијата.

„На клиниката за Инфективни болести се лекуваат 54 пациенти, 4-ца пациенти се критични, а 20 имаат потреба само од кислородна маска, останатите се со лесна клиничка слика без потреба од поддршка за дишењето.

Со ова вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од вирусот во Македонија се искачи на 9. Досега се излекувани 12 лица.

Во однос на прашањето кое што беше поставено вчера за пациентот кој почина на 31. година во анамнезата и документите на клиниката не стои дека докажал на тоа дека имал претходни заболувања, иако дознавме дека кај специјалистите кај коишто правел анализа укажал дека имал други проблеми“, кажа Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/677323936373289/?v=677323936373289&notif_id=1585666641264139&notif_t=live_video

фото: Архива