Ефтов до Мукаетов, Камчев и Мицевски: Можете да давате милиони на о**спии и Боки 13, а за државата немате?!

Во последната емисија новинарот Васко Ефтов ги прозва македонските бизнисмени и сопственици на фирмите Живко Мукаетов (Алкалоид), Орце Камчев (Орка Холдинг и Сиситна) и Силјан Мицески – сопственик на разни фирми за ископ на јаловина во РЕК Битола кои ги праша јавно колку пари давале на како што рече ороспии по телевизиите и на Боки 13, а сега кога земјата е во најголема криза и државата незнае што да прави за да ги спаси работните места, тие глумеле добротвори кои немало да ги намалат цените на производите и ќе помагале со нивните хотели и болници.

Ефтов прво ја прозва фирмата „Алкалоид“ чиј сопственик е Мукаетов кого го праша дали не се срами да дава соопштенија дека нема да ги намали цените на производите, цените кои во ова време на болест треба да ги намали бидејќи народот му ја простил приватизацијата, му ги простил кредитите во „Македонска Банка“, а  „Алкалоид“ бил приватизиран со помош на извесен Тошо Каргов.

Ефтов ги праша од „Алкалоид“ од кој народ се парите кои ги трошеле во Монте Карло и на скапи мерцедеси.

Потоа Ефтов го прозва Орце Камчев кого го праша како можел да наброи милиони евра за Боки 13 и разно разни како што рече старлети по телевизиите, а за народот немале пари.

Пари и пари направивте, ја приватизиравте со парите од овие луѓе, земавте кредити на незаконски начин од Македонска Банк,а како сте ги земале кредитите, како сте ја заложувале фабриакта, од грбот нан ародот печалите од здравјекто, па ги коцкате и сега велите нема да ги зголемите цените ? Па срам да ви е !

„Камчев сега ќе ги давал болниците и хотелите, а да го прашаме од каде му се болниците и хотелите“ ?

Ефтов порача народот да памти и дека некоја нова власт која нема да е оваа на Заев нити на Мицкоски ( за кои релче дека олигарсите ги купиле со пари ) ќе ја испита приватизацијата и потеклото на капиталот на сите овие фирми, а на народот му порача да не купува производи од овие фирми кои немаат квалитет и не можат да извезуваат никаде подалеку од Бугарија и Србија.

ВНИМАТЕЛНО ГЛЕДАЈТЕ ШТО ИМ КАЖА ЕФТОВ НА НАШИТЕ БИЗНИСМЕНИ