Епидемиологот Даниловски смета дека една доза вакцина како влезница не е медицински издржана

Епидемиолот, професорот Драган Даниловски смета дека e погрешна мерката на Владата која се однесува на задолжителната потврда за барем една примена доза против коронавирусот како влезница за многу места и во сите објекти, бидејќи таа не е издржана од медицински, епидемиолошки аспект.

„За мене, многу поважно е што оваа мерка нема никаква епидемиолошка смисла! Зошто? Затоа што сега имаме работа со делта сојот, кој во одредена мера го заобиколува имунитетот стекнат природно или со вакцина. Оттаму, подеднакво опасни ширачи на вирусот се и невакцинираните и вакцинираните со една доза! Вакцинираните само со една доза имаат заштита од симптоматска болест само од 33% (студија 1 – Public Health England), односно 36% (студија 6 – Индија) (4). А тоа е исто како да се невакцинирани! Која е, тогаш, логиката на комисијата за заразни болести?“, вели Даниловски во денешна објава на својот фејсбук – профил.

Тој додава дека и кога би се донела одлука за потвда за две дози вакцина дека не е гаранција дека тие лица не се заразени или дека не можат да заразат други лица.