Еве во кои градови МВР обезбедува лица кои се домашен карантин…

Во Битола 13 лица кои се во домашен карантин се обезбедуваат, во Тетово има 16 лица, а имало едно прекршување на таа мерката. Во Охрид се обезбедуваат 82 лица, а контролирани се 173 објекти. Во Струмица 12 лица се обезбедуваат и е утврдено дека едно лице ја прекршило забраната и против него е поднесена пријава. Во Куманово се обезбедуваат шест лица, а во овој град се контролирани се 40 објекти. Полицијата и понатаму ќе постапува согласно препораките дадени од Владата на Македонија. Одделот за специјални намени спречил 14 обиди за напуштање на заштитениот регион Дебар и Центар Жупа. Во овие две населени места има околу 130 припадници на МВР, а има и 65 припадници на АРМ го обезбедуваат Зелениот појас, истакна минситерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој додаде дека затворени се сите гранични премини, а дозволени се само транзитни премини и влез за возила на дипломатскиот кор.

фото:Архива