Филипче сподели „Седи си дома, пи**а ти материна“

По неколку дневни препораки, укажувања и повторувања од министерот за здравство Венко Филипче дека сите треба да останеме дома, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на коронавирусот во нашата држава, тој на социјалните мрежи сподели објава со фотографии на кои се испишани повеќе пароли, како што се превентивни мерки, да се седи дома и слично.

Во низата од над 30 фотографии, министерот Филипче има споделено и фотографија со текст „Седи си дома, пизда ти материна“, која до моментот на објавување на оваа вест, има над 200 лајкови во знак на поддршка.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2337405629899790/2337404823233204/?type=3&theater

И да се разбереме, „Скопје1“ не ја објавува оваа вест во знак на критика, туку во знак на поддршка кон министерот Филипче за сите мерки кои ги спроведе тој заедно со Владата во изминатиот период, со цел, наша заштита. Притоа, напоменуваме, министерот ги сподели фотографиите со цел да каже дека да се седи дома, значи да се биде креативен, нешто што е пишано и во самиот опис на неговата објава.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2337405629899790?__xts__[0]=68.ARA7F99LrIaJkuxt9KCZbhwFXOVzoMoMSfO1De6_dPmw4q4DWE82D2cSmvq2H_iyKN1ImNH21XpEqoLiXkaDkQyj2k2levfi3hO8nFUXFpQrXYcgb26oZTnkkA3vOu14azwjDyUZerKZ9D8RivmdyGYmwkeY6jonxQUTFB1itcpyHYRYANq1tZZtQCf5sfSmtjYSc5nM7Uy1fuE8mvmaNCU55SEUDV4qjiE0p5T0pd1mUJNiuvzt7ejt0SWWIgCsAj_nMyQNllV7Rk1EpMjYANGAah4C6wsQSlfYIe-lZbpJOeMD837gH1CyPB_ULCis6PzjvrUf0Pgaur2685CTnKuofqB0&__xts__[1]=68.ARAHqrFhnGHd2W_w2eKp5mT74MVmzYwrbcfS5lh-4cPkMgXjvI0aN3P-o3tvTaP3yPVlMM03NbFn7o_Bsrkg-CVlx2bbpHLI7-MFHRH9ocK5f0Ts-IzSohZuw82lA226flDyEzgKEmU4NgXnFz5gd3gPMW6laA4QeFj_3idAF5KTQjjk3_o4U7eN-Pcr6PYyDVAyOdVquduZIpJu8iIpTPQSV2lfCZqEiOem56cQhMiFKK4PuLSHJOtlqF1Cva2JrWAPBZRMu_IxyehM5BVTakONDKzJGp2dqgD9bYkc6JfN2RxOwYtIjgQyli_gJEMfo4ESi4Qs63Y1y-iGRZU_46e20GFA&__tn__=-R