Филипче: Уште еден заразен од коронавирусот од Кожната клиника

Уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за демартологија во Скопје е позитивен на коронавирусот, по направените тестови во изминатите 24 часа. Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица кои се вработени на Кожната клиника, истакна министерот Венко Филипче.

Министерот потенцираше дека комбинацијата на лекови којашто ние почнавме да ја даваме веќе се аплицира кај луѓето коишто се во болница. Во текот на следните ден или два ќе се спроведе детален преглед или тестирање на луѓето кои се затекнаа во областа на Дебар и после ќе бидат пуштени во другите градови кај што живеат бидејќи истече периодот на инкубација.

Во тек е онлајн тренингот, вклучени се 20 доктори и 320 медицински сестри и се припремаат да бидат тренери на другите медицински работници, овие луѓе ќе го пренесуваат знаењето и на своите колеги не само во Скопје туку и ширум државата.

фото: Архива