Македонија – втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители. Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додаде:

Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава, напиша министерот на ФБ.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2354644904842529/?type=3&theater