Најческа со лекција до Заев за С. Македонија: Во личната кореспонденција може и само Македонија

Професорката Мирјана Најческа му се спротистави на премиерот Зоран Заев според кого понижувачки е да се употребува С. Македонија наместо Северна Македонија. Според Заев неупотребата на уставното име е понижување и за Уставот.

„Зошто да не може РС Македонија? Што има тука понижувачко и погрешно? Во официјалната кореспонденција на државните органи треба да стои Република Северна Македонија. Во неформалната може и Северна Македонија и РС Македонија. Во личната кореспонденција може и само Македонија. Не може само Република или само Северна или Република Северна бидејки ја нема основната определба Македонија. Исто како што во време на социјализмот беше Социјалистичка Република Македонија. Бесмислено би било да стои Социјалистичка Република. Така? Меѓутоа СР Македонија? Зошто да не?“, напиша Најчевска.

https://skopje1.mk/archives/135934