Повратници од Италија им избегале на медицинските екипи? Филипче вели: И до мене стигнуваат многу такви информации

На прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче, новинарка образложи дека се шират информации дека граѓани кои се вратиле од Италија и живеат во скопско Сингелиќ, бегале од прозор кога медицински екипи дошле да проверат по пријава од соседите. Новинарката посочи дека медицинарите ги чекале два часа да се вратат, но ги намало, по што, му потенцираше на министерот дека вакви случаи имало и во струшки села, но и скопско Лисиче.

Министерот на ова одговори:

„И до мене стигнуваат многу такви информации. Секогаш ги известуваме соодветните служби, прво на локалниот центар на јавно здравје, а доколку е потребно и полицијата. Не можам да коментирам конкретни случаи, за тоа што се случувало. На тоа што посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион. Октиси, Лабуништа и тн. Тоа се места каде што и претходно имало интензивна комуникација со луѓе од Дебар и околината“, рече Филипче.

фото: Архива