„Ја прифативме најсериозно заканата и подготививме многу мерки од кои имаме резултати. Ќе ја совладаме заканaта и ќе излеземе посилни. За да успееме треба да се преземе мерки. Воведување на овие мерки не значи по автоматизам дека ќе се воведат рестрикции на слободите и движењата на граѓаните. Доколку дојде до нови рестрикции и мерки тие одлуки ќе се носат на дневно ниво како и до сега. Граѓаните редовно ќе се информираат“, рече Спасовски.
„Вонредната состојба само и дава можност на Владата брзо и ефикасно да се спроведуваат мерките на превенција и да се заштити здравјето на граѓаните. Само со вонредна состојба Владата ќе може да делува непречено в борбата со вирусот. Само така ќе може да се спроведат мерки за спас на економијата. Се создаваат услови за сите кои учествуваат во борбата против овој вирус, тоа се полицијата, здравствените работници, Армијата, службениците, институциите, Влдата, работниците во производството успешно да ги остваруваат нивните задачи во оваа хуманитарна криза“, додаде тој.
„Аплеирам сите серизоно, најсериозно да ја сфатат состојбата и да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влдата, со тоа, секој од вас станува значаен фактор во борбата за спречување на вирусот“, потенцираше техничкиот премиер.