Убава вест: Нови позитивни 39 случаи, а оздравени 48 пациенти од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4.
Починати се 4 лица, двајца  пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330,  бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5901, активни 854
• Куманово 1471, активни 378
• Дебар 252, активни 84
• Штип 1134, активни 148
• Прилеп 463, активни 115
• Тетово 1210, активни 163
• Струга 562, активни 60
• Велес 270, активни 31
• Битола 203, активни 39
• Охрид 337, активни 34
• Кавадарци 182, активни 80
• Гостивар 789, активни 237
• Гевгелија 51, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 21
• Крива Паланка 46, активни 17
• Радовиш 42, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 145, активни 29
• Пробиштип 80, активни 14
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 71, активни 18
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 57, активни 48
• Валандово 9, активни 2
• Виница 70, активни 36
• Делчево 59, активни 50 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 4
• Свети Николе 288, активни 64
• Кичево 269, активни 66
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 817 теста се преку: ИЈЗ- 196, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-148,  Биотек-178, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –92, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-0,  ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 108
• Гази Баба – 102
• Аеродром – 107
• Карпош – 88
• Центар – 81
• Кисела Вода – 100
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 66
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 25
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 14
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 10
• Зелениково – 3
• Странец – 9

• Нераспределен – 1