(ВИДЕО) Филипче: Почина притвореник во „Шутка“, по обдукцијата е утврдено дека бил позитивен на коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека еден затвореник во затворот Шутка починал од срцен удар, но посмртно, при обдукцијата бил направен тест и е утврдено дека бил позитивен. Сега се утврдува со кои лица тој бил во контакт, со цел да се спречи ширењето на епидемијата, во затворот.

-Има еден притвореник во „Шутка“ кој починал од срцев удар, но по обдукцијата е утврдено дека бил позитивен на коронавирусот. Од Домот за стари лица во Битола има еден штитеник кој болнички згрижен и тој е позитивен на Ковид-19. Во двете институции се дадени насоки за темелно чистење на просториите, рече министерот.

Денеска во Министерство за здравство истакна дека се отвараат понудите за набавката на респираторните машини и во тек се постапки за набавка на реагенси и заштишта опрема, истакна министерот.

-Денеска ја објавивме и листата на донатори, а на сметката на која се собираат донации има 60 милиони денари, истакна Филипче.

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/275245070156328/?v=275245070156328&notif_id=1586437168545113&notif_t=live_video

 

фото: Архива