Предмалку заврши состанокот на „Советот за безбедност“. Советот донесе одлука дека нема потреба од кризна или вонредна состојба, вели претседателот Стево Пендаровски. Според него, оваа одлука би била избрзана доколку биде сега прогласена ваква состојба, бидејќи ситуацијата е под контрола. Советот за безбедност ќе ја следи состојбата и ќе се состанува чим има потреба за тоа.
„Во однос на целовкупната ситуација и можната проценка на министерот за здравство, за ширење на болеста е дека поставеноста на државата е адекватна и соодветна. За тоа зборуваат и оценките и проценките на СЗО кои тврдат дека ние сме државата која најдоследно ги спроведува мерките. Заклучокот е ако има потреба можеме да препорачаме како Совет за безбедност во државата да биде прогласена кризна состојба и во други општини. Сега нема потреба. Општ беше заклучокот дека потреба од избрзување со голо декларирање на евентуално повисоко ниво на состојби како вонредна или кризна состојба на цела држава. Ако поинаку се поставиме со една таква состојба, не значи дека ќе превенираме за ситуација до која не би сакале да дојде“, рече Пендаровски.
Претседателот вели дека е јасно дека кризата ќе трае, но најдобар начин за епидемијата да не се шири е да се почитуваат сите донесени мерки.
„Нема потреба, а и јасно е дека кризата ќе трае. Таа нема да замине за недела или две. Ние ресурсите мора да ги димензионираме според реалните потреби и ризици. По овој повод сакам да упатам апел до граѓаните да ги почитуваат стрикно сите мерки кои се предложени и соопштени до сите нив. Тоа е потврдено дека е најдобриот начин за ширење на епидемијата. Сакам да упатам апел и до нашите државјани без потреба да не патуваат надвор, особено во земји кои се високо“, додаде Пендаровски.