Во благ пораст бројот на заболени во земјава од КОВИД19, се подготвува и инфективното одделение во Охрид

Бројката нови случаи заразени со коронавирусот во земјава е во благ пораст. Надлежните смируваат дека засега државата добро се справува со ситуацијата. Министерот Венко Филипче вчера истакна дека бројот на пациенти е во пораст, но дека кривата е блага. Тоа, според него, остава надеж дека е можно да се избегне нагло зголемување на бројот на случаи, што, како што посочи, остава можност и здравствениот систем полесно да ги прифаќа заболените.

Министертвото и Владата  подготвени за пружање помош на лицата заболени од вирусот. Филипле истакна дека е направен план за ставање во функција и на дел од болницата „8 Септември“ за случаи што се сомнителни или се со дијгностицирана корона, а им е потребна друг тип интервенција.

-Посебна комисија составена од директори на повеќе клиники и од претставници на Комисијата за инфективни болести ја постија болницата „8 Септември“. Се утврди патот на движење на пациентите, обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини, истакна министерот.

Покрај во Скопје посебни оддели веќе има во Штип и Гостивар, а интензивно се подготвува и инфективното одделение во Охрид кое ќе биде наменето за пациенти од овој регион. Капацитетот на одделението во Охрид ќе биде за дваесеттина пациенти.

Инаку надлежните смируваат. Потреба од паника не треба да има, но треба максимално да се почитуваат препораките од Владата. Самоизолацијата во овој момент е најдобрата заштита.

Следете ги препораките од Владата и седете дома. Колку има поголема самоизолација толку надлежните побрзо ќе се справат со ситуацијата. При први симптоми задолжително да се пријавите во центрите за јавно здравје.

Во продолжение сликовите што значи самоизолацијата.