Италија доживеа уште еден тежок ден кога е во прашање смртниот биланс од коронавирусот. За 24 часа, во оваа земја умреле 793 лица. Вкупниот број на смртни случаи во Италија сега е 4.825.
Исто така, има и 6.557 нови случаи на инфекција. Само во Ломбардија во еден ден се регистрирани 546 смртни случаи од коронавирус. Со овие бројки, бројот на починати во овој италијански регион порасна на три илјади. Џлулијо Галера, од дирекцијата за социјална помош во Ломбардија, ги потврди овие информации.
„Во регионот има 3.095 смртни случаи, со пораст од 546, што е бројка која најмногу боли“, рече Галера. Бројките за остатокот од Италија ќе бидат објавени наскоро.
Во петокот вечерта, бројот на загинати од корона во Италија беше 4.031, највисок во светот.
фото: Архива