Филипче: Располагаме со сосема доволен број на тестови за корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека Македонија располага со сосема доволен број на тестови за корона вирус.

-20.000 теста како донација веќе се на пат кон нашата земја, освен тестовите со коишто и сега располагаме и 5.000 тестови донација од една приватна наша лабораторија којашто ќе се вклучи во системот на изработка на анализите, на брисевите земени од пунктовите ширум државата, рече Филипче.

Министерот потенцираше дека од денеска работи уште еден пункт за тестирање во Скопје, во поликлиниката во Чаир, а од среда, пак, ќе почне да работи тој во Млин Балкан. Филипче истакна дека капацитетот на тестирање во Скопје ќе биде двојно поголем.

фото: Архива