Од сега Црна Гора јавно ќе објавува имиња на лица кои заболиле од коронавирус

Националното тело за координација за заразни болести во Црна Гора ќе започне да го објавува идентитетот на лицата во самоизолација, објави владата на Црна Гора.

„Секој граѓанин нека знае кој од соседите и сограѓаните поради недисциплината го доведува во опасност“, истакнуваат од телото за координација.

Образложението за ова е трагичното искуство ширум светот кое покажува дека најмногу се заразува и умира од коронавирусот поради недостаток на дисциплина.

„Затоа никој нема право поради својата недисциплина да ве загрози вас и вашите најблиски.

Задачата е сите да бидат дисциплинирани и да повикуваат, поттикнуваат и да ги опоменуваат на тоа и другите“, порачуваат од телото за координација.Националното тело за координација за заразни болести во Црна Гора ќе започне да го објавува идентитетот на лицата во самоизолација, објави владата на Црна Гора.

„Секој граѓанин нека знае кој од соседите и сограѓаните поради недисциплината го доведува во опасност“, истакнуваат од телото за координација. Образложението за ова е трагичното искуство ширум светот кое покажува дека најмногу се заразува и умира од коронавирусот поради недостаток на дисциплина.

„Затоа никој нема право поради својата недисциплина да ве загрози вас и вашите најблиски. Задачата е сите да бидат дисциплинирани и да повикуваат, поттикнуваат и да ги опоменуваат на тоа и другите“, порачуваат од телото за координација.

фото: Архива