Бројот на починати од коронавирус во Италија го надмина вкупниот број на починати во Кина.
Вкупниот број на починати во Кина е 3.245, додека во Италија со денешниот ден е 3.405.
Само во последните 24 часа во Италија починале 427 лица, а бројот на новозаразени е 5.322.
Вкупниот број на заразени во Италија, со починати и излекувани, надмина 41.000.
Излекувани се 4.400 лица, а во критична состојба се 2.498.
Истражување на здравствените власти покажа дека повеќе од 99 отсто од починатите од ковид-19 во Италија се луѓе кои веќе имале друга болест.